еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Украден кабел од влечен мотор на локомотива, истата повеќе не е во возна состојба

Украден е кабел од влечен мотор на локомотива во кругот на ЖРСМ Транспорд АД Скопје, поради што таа не е во функција.

-Во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, во Одделот за одржување на влечни средства, утврдена е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор.

Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотова не е повеќе во возна состојба, со што е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага истата, наведуваат во соопштение од ЖРСМ Транспорт.

Кражбата е пријавена до Министерството за внатрешни работи и е утврдена фактичката состојба од страна на Одделот на криминалистичка техника, со што е започната истражна постапка.

-Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата, стои во соопштението.

Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се чека одлука на Влада: Комисијата за заразни болести препорача затворање на школите, градинките и универзитетите

Редакција

Македонски Телеком прославува 5 години од апликацијата TelekomMK со недела полна подароци

Редакција

Викендов сончево и топло, од идната недела променливо облачно и нестабилно

Редакција