еМагазин
Image default
Бизнис

Пензиите ќе се исплаќаат само преку банките, нема достава до домашна адреса преку Пошта

Пензиите преку деловните банки ќе почнат да се исплаќаат од 26 август. На корисниците ќе им бидат достапни преку мрежите на банкоматите и да ги користат во трговската мрежа, а готовинската исплата ќе се врши во четири групи на 26, 27 и 28 август и на 1 септември.

Овој месец, корисниците на пензии кои ја добиваа пензијата на сопствената адреса преку Пошта, нема да може да го остварат ова право, бидејќи ниту една банка нема склучено договор со Македонски пошти за оваа услуга, откако пропадна Еуростандард банка.

Пензионерите кои ги примаа пензиите на домашна адреса, треба да отворат трансакциска сметка во друга банка и да ја подигнат пензијата од таа банка.

Засега, ниту една друга банка нема склучено договор со Македонска пошта. Досега договор за достава на пензиите на домашна адреса имаше само Еуростандард банка, на која Народната банка и ја одзеде дозволата за работа.

Владата вчера донесе заклучок со кој го задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и им препорача на деловните банки, да обезбедат други дополнителни редовни исплати за корисниците на пензии кои се префрлени од Еуростандард банка АД Скопје во другите деловни банки за истите да може да располагаат со августовските пензии на 7 септември, 14 септември и 25 септември.

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за август 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до вторник, 25 август, а им препорача на деловните банки од среда, 26 август, да обезбедат пензионерите да може да располагаат со августовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: во среда, исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во четврток, пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; во понеделник, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во вторник, исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуролинк осигурување“на цврстата втора пазарна позиција во првите шест месеци од 2019 година

Редакција

Не очекува многу тешка и непредвидлива зима, ќе прогласиме кризна состојба во енергетскиот сектор за да интервенираме со мерки, најави Бектеши

Редакција

МВР склучи договор со „Понир в копи“ вреден 857,6 илјади евра

Редакција