Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе бара правда по легален пат ако се случи упис на друга високообразовна установа со истото име, вели за Факултети.мк првиот човек на Универзитетот, проф. д-р Никола Јанкуловски, откако Владата даде дозвола за работа на бугарскиот Универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата даде дозвола за работа на бугарскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“
Бугарскиот Универзитет од Велико Трново отвора филијала во Македонија
– Имајќи предвид дека на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за името и обележјата му е признато правото на трговска марка и е заштитено во Заводот за индустриска сопственост во Република Северна Македонија, доколку со регистрацијата, односно уписот на друга високообразовна установа се изврши повреда на нашите права и посебност, ќе реагираме соодветно по легален пат.
Во тој момент ќе ги искористиме расположливите правни лекови согласно Законот за авторското право и сродните права и Законот за индустриската сопственост и евентуално и меѓународните прописи кои ја регулираат оваа материја, вели ректорот Јанкуловски за Факултети.мк.