еМагазин
Image default
Бизнис

Бугарскиот Универзитет од Велико Трново отвора филијала во Македонија

Бугарскиот универзитет од Велико Трново „Св. Кирили и Методиј“ ќе отвори своја филијала во Северна Македонија, јави бугарското Национално радио.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, преговорите меѓу Универзитетот во Велико Трново и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе се воделе три години.

Според ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, веста во телефонски пред неколку дена ја соопштил премиерот Зоран Заев.

-Разговарав телефонски со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново „Свети Кирил и Методиј“ на територијата на Република Северна Македонија.

Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Северна Македонија, да ги изградиме уништените мостови, објави во видео обраќање, проф. Бонџолов.

Од следната академска година, по програмата на Универзитетот во Северна Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари лани чувале граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Редакција

650 илјади евра од продажба на одземен имот префрлени во државниот буџет

Редакција

Нето-надворешниот долг на земјава на крајот на септември на ниво од 28% од проектираниот БДП

Редакција