еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Ресен, Гошаревски се вакцинираше против Ковид-19

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски денеска ја прими првата доза вакцина против Ковид-19, од кинескиот произовдител Синофарм во регионалниот вакцинален пункт во спортскиот центар „Бијанини извори“ во Охрид.

По вакцинацијата, изјави дека се чуствува одлично и оти ќе ги следи препораките на здравствените работници, со апел до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што рече, само на тој начин можат да се заштитат себе и своите најблиски.

– Се вакцинирав, пред се, да ги заштитам моите најблиски. Како доктор и како градоначалник сакам да упатам апел до граѓаните масовно да се пријават и да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин да се победи оваа подла болест, нагласи Гошаревски.

Ресенскиот градоначалник упати благодарност до организираторот и медицинските тимови, а организацијата на вакциналниот процес ја оцени на највисоко ниво.

-Голема пофалба за организаторот, медицинските тимови, администрацијата на локалната самоуправа од Охрид, полицијата и војската, кои активно се вклучени во процесот.

Од она што можев да забележам има огромен интерес меѓу населението и се надевам во периодот што следува ќе биде уште по масовно, рече Гошаревски.

Градоначалникот нагласи дека терминот за вакцинација го добил по претходна најава на vakcinacija.com.mk.

МИА/Фото: Фејсбук/Гошаревски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во болницата во Штип од Ковид-19 починаа тројца пациенти, најмладиот на 47-годишна возраст

Редакција

На протестот пред Собранието приведени пет лица

Редакција

Намален бројот на склучени бракови

Редакција