еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Уште пет дена до почетокот на Саемот на мебел: Богата понуда, саемски попусти, дебата, конкурс

Долгоочекуваната саемска манифестација Мебел 2018 за прв пат ќе се одржи на нова локација во комплексот на ВИП арената „Борис Трајковски“ во периодот 9-14 октомври на вкупна површина од 8.000 м2.

Завршните подготовки на саемот на Мебел се во тек, веќе се поставени двете модерни, мултифункционални, енрегетско ефикасни монтажни изложбени објекти во кои, заедно со ВИП арената „Борис Трајковски“, ќе се одржи 44.издание на саемот на Мебел.

На саемот директно ќе се претстават околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови од Македонија и од регионот (Србија, Косово, Италија, Бугарија).

Во рамките на саемот, во органзиција на Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се организира Дебата на тема “Оригинал и копија“- колку е навистина важен автентичнот дизајн и колкава е потребата да се биде оригинален. Дебатата ќе се одржи на 10.10.2018 од 12.00 до14.00 часот во Конгресниот центар на ВИП арената „Борис Трајковски“.

Исто така, Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер распишаа и конкурс за изработка на дизајнерски стол од дрво, повикувајќи ги младите дизајенри од Македонија да придонесат во размислувањето на индустриски дизајн од природен материјал – дрво.

Посетителите може да очекуваат дека понудата на најновите дизајни на мебел ќе биде мошне богата и разноврсна за сечиј вкус. Секако, и оваа година изложувачите најавуваат големи саемски попусти.

За прв пат годинава, публиката може да набави билет за Саемот на мебел преку МК тикетс и со тоа да избегне чекање ред на редовната билетара.

За полесен пристап до саемот, ЈСП Скопје ќе воведе две вонредни автобуски линии во периодот на одржување на саемот од различни краеви на Скопје кои ќе водат до ВИП Арена “Борис Трајковски”.

Работното време на саемот е од 10.00-20.00 часот, цената на влезницата изнесува 100 денари, а за организирани групни посети на ученици изнесува 50 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донација од 1.100 книги од Витаминка за библиотека во Прилеп

Редакција

Рамстор прославува и Ве наградува

Редакција

(Фото) Макпетрол ги додели наградите од финалното мастер коло на наградната игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“

Редакција