еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

До сега попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови

Вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората.

Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика.

Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: popis2021.stat.gov.mk.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО и УНИЦЕФ: Сите училишта во Европа и Централна Азија треба да останат отворени и да се направат побезбедни од Ковид-19

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 104 лица, приведени 76

Редакција

Поради недостаток на машиновозачи повторно во прекин железничката линија Скопје-Табановце

Редакција