еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставен одлучи привремено да не важи графата за етничка припадност во изводите

Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник. Исто така Уставниот суд донесе времена мерка за неиздавање на овие документи.

На денешната седница во делот на јавноста присуствуваше и министерот за правда Кренар Лога, кој Упатството го потпишал на 29 мај, а во Службен весник е објавено на 15 јуни.

Лога по седницата изјави дека е вистина дека не е испочитуван уставниот рок од Секретаријатот за законодавство и Службен весник, но оти тоа не е направено од негова страна.

-Такви пропусти имало во минатото во сите службени весници и јас носам неколку од нив, рече Лога.

Според него, Уставниот суд не треба да ја отвора Пандорината кутија, бидејќи во речиси секој Службен весник има непочитување на уставни рокови и дека дури и има непочитување и Уставниот суд.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека поранешна министерка за правда реагираше дека е неуставно упатството што тој го потпишал, а се однесува на внесување на етничката припадност во изводот во матична книга, рече дека таа (Рената Дескоска) не е компетентна да го кажува тоа, бидејќи „ги избегнала уставните измени и сама, како што  рече, се номинирала за член на Венецијанската комисија.

Лога не одговори и на прашањето кои држави во изводот има графа за етничка припадност, туку кажа контра прашање и тоа: во кои европски земји во Уставот стои „јазик што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“.

На денешната седница на Уставниот суд беше иницијативата на Павле Трајанов за една изборна единица, две иницијативи поврзани за бугарските клубови, иницијативата налидерот на Левица, Димитар Апасиев за одлучување од страна на Талат Џафери и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За министерот Лога одлуката на Уставен за привремено да не важи графата за етничка припадност во изводите е беспредметна

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) На 54-годишна возраст почина пејачката Лиза Мари Присли, ќерка на Елвис Присли

Редакција

“Немам поднесено анкетен лист“, вели Ивица Јевтиќ, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Мексико ја легализира марихуаната за лична употреба

Редакција