еМагазин
Image default
Македонија

Уставен суд го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата на поранешниот судија Владимир Панчевски

Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата, поднесено од поранешниот претседател на Основен Кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски, поради постоење на процесни пречки.

Во образложението од Уставниот суд се вели дека со оглед на тоа  што пресудата на Апелациониот суд КЖ.746/2020 од 14.07.2021 е укината од Врховниот суд на 09.02.2022 година што упатува дека постапката пред редовните судови се уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд  да ја цени основаноста на поднесеното барање.

Подносител Панчевски, преку полномошник Петро Јанура, адвокат од Скопје, во Барањето до Уставен суд, смета оти со пресуди на Основниот суд во Велес и Апелациониот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност, односно општествена положба во поглед на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност, односно политичко уверување.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците од власта и опозицијата сложни кога треба да се делат буџетски пари на партиите

Редакција

Почнува изборната кампања: Прв пат без митинзи, средби со најмногу 50 лица

Редакција

Судски Совет избра 25 нови судии во пет основни судови и во Основен кривичен суд Скопје

Редакција