еМагазин
Image default
Македонија

Уставен суд: Свечените изјави на членовите на општинските совети треба да се дадени и потпишани со уставното име на државата

Министерството за локална самоуправа информира дека Уставниот суд ја отфрлил иницијативата и потврдил дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата.

-Со отфрлањето на иницијативата, Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа доставено до општините дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата.

Со ова и формално се потврдува дека одбивањето на некои членови на општинските совети свечената изјава да ја дадат и да ја потпишат со уставното име на државата е спротивно на Уставот на Република Северна Македонија и на законот за локалната самоуправа, велат од Министерството за локална самоуправа.

Со Решение, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за локалната самоуправа коишто се однесуваат на името на државата, со што и формално е потврдено дека и покрај тоа што во Законот за локалната самоуправа стои „Република Македонија“, затоа што Законот е донесен во 2002 година, согласно член 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот, при примената на прописите и другите акти на државните органи се користи уставното име на државата.

Иницијативата беше поднесена за оценување на уставноста на деловите од Законот за локалната самоуправа каде што стојат зборовите „Република Македонија“, информираат од Министерството за локална самоуправа.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски е за 120 изборни едници, очекува отстапки од власта за законот за ЈО

Редакција

Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство

Редакција

Денеска средба за францускиот предлог на партиите од владината коалиција

Редакција