еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Графата за националност не е во согласност со Уставот: Уставниот суд го поништи Упатството за водење на матични книги

Уставниот суд на денешната седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда.

Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на денешната прес-конференција информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник.

– Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска.

Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство.

– Тој член предвидува рок за објавување најдоцна за 7 дена од денот на донесувањето. Уставниот суд веќе појасни во јавноста дека на прашањето за рокот не му пристапува технички, туку суштински и тој треба да биде почитуван од сите, додаде Беловска.

Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска околу сто нови позитивни на Ковид-19, се очекува состанок на Комисијата за заразни болести

Редакција

Анализа на Харвард: Корона вирусот слабее на топлина, но ќе има втор бран

Редакција

(Фото) Тажни сцени од некогашната убавина: Преспанското езеро исчезнува

Редакција