еМагазин
Image default
Македонија

Утре пресуда за „Талир 2“

Пресудата за случајот „Талир 2“ ќе биде објавена утре во 12:30 часот, соопшти попладнево судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го води овој предмет, по завршните зборови на второобвинетиот Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, со што заврши главната расправа за предметот.

-По завршување на главната расправа Советот ќе се советува, а објавувањето на пресудата се закажува за 8 јуни во 12:30 часот. Тоа е усно соопштено на присутните и се сметаат за известени, рече Алексовска Стојановска.

Во „Талир 2“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Божиновски на судењето за „Талир 2„: Повредено ми е правото на одбрана

Обвинението за „Талир 2“ е паушално, смета одбраната на Груевски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 низ болниците

Редакција

Гази Баба го надмина Аеродром: Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Љупчо Николовски избран за шеф на Изборниот штаб на СДСМ, партијата започнува теренски активности под слоганот „најдоброто за нашата општина“

Редакција