еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Божиновски на судењето за „Талир 2“: Повредено ми е правото на одбрана

Второобвинетот во случајот „Талир 2”, Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, упати критики до Основниот Кривичниот суд – Скопје дека во тек на судењето за овој предмет му се прекршени неговите права.

– Судот стори повреда на правото на мојата одбрана со тоа што прифати како доказ да биде изведено вештачење од Обвинителството кое е изготвено без знаење и учество на одбраната, рече обвинетиот Божиновски.

Воедно, тој истакна дека ова вештачење е реализирано спротивно на законските прописи кои предвидуваат дека странките преку технички советници имаат право да учествуваат во собирањето на доказите и реализирање на вештачењата.

– Судот не го прифати предлогот на одбраната за донесување наредба за спроведување на супер вештачење при постоење на спротивставени вештачења на ОЈО и на одбраната. Ова преставува повреда на еднаквоста на оружјата, истакна Божиновски.

Меѓудругото тој негираше дека договарал или преговорал со АД – Бетон за изградба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Со изведените докази од Обвинителството тој посочи дека не поткрепено обвинението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинението за „Талир 2“ е паушално, смета одбраната на Груевски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не гледам ризик за излез на Македонија од „Отворен Балкан“ во случај на промена на власта, вели Димитров

Редакција

Намалување од 40,6%: Минатата недела 635 нови случаи на Ковид-19

Редакција

(Видео) „We Are Energy“ нова песна на Brass Brothers

Редакција