еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Влезот на Охрид ќе остане затворен

Министерството за транспорт и врски реагираше на Фејсбук статусот на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој повика да престанат градежните работи на автопатот пред влезот на Охрид, кои почнаа пред почетокот на туристичката сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пред сезона на 45 дена затворен влезот на Охрид

Од таму велат дека поддршката на Владата кон Општина Охрид е како никогаш досега и велат дека неговите барања се „лицемерни и неприфатливи“.

– Поддршката од централната власт кон општина Охрид е огромна, како никогаш досега, а реакциите на градоначалникот на општината се лицемерни и неприфатливи посебно кога станува збор за истиот градоначалник кој постојано повикува на забрзување на градежните работи на истиот автопат.

Автопатската делница од Кичево до Охрид се гради со потребната динамика и нема да дозволиме ничија опструкција да ја блокира реализацијата на овој проект, стои во писмената реакција на Министерството.

Забележуваат дека, според соопштението, несфатливата реакција доаѓала од градоначалник од политичката партија, која оставила хаос на истиот автопат и оти сега се борат тој автопат да не се изгради.

– Пецаков треба да има предвид дека се отстранија сите проблеми на оваа делница кои ги затекнавме од времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше владата. Благодарение на напорите и пристапот на оваа Влада се решија најголемите проблеми и се решија преку 3.500 имотно-правни пречки помеѓу државата и граѓаните.

Се испроектираа и клучките, се репроектираа косините со што денеска има прогрес на терен, посочуваат од Министерството.

Автомотосојузот на Македонија вчера соопшти дека поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, од завчера е пренасочен преку регионалниот пат Р-1208.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов ќе не чини 1.950 евра месечно за канцеларијата во Џевахир „Скај сити“

Редакција

За еден месец Македонија има над 3.000 новозаразени со корона вирусот

Редакција

Таткото на ракометарот Денис Тот: Од денот кога се случи убиството, за нас животот застана

Редакција