еМагазин
Image default
Бизнис

Вабтек МЗТ со загуба во третото тримесечије

Вабтек МЗТ АД Скопје за периодот јануари – септември 2023 година оствари негативен финансиски резултат, нето загуба по оданочување во износ од 97.500 илјади денари, сооопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во пресметковниот период јануари – септември од деловната 2023 година остварени се оперативни приходи во износ од 1.737.190 илјади денари, кои бележат пораст од 32% во однос на истиот пресметковен период од минатата година.

Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба на домашен пазар бележат намалување од 27% во споредба со истиот период од минатата година, додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат зголемување од 32% во споредба со истиот период од минатата.

Останатите оперативни приходи бележат намалување во споредба со истиот период од мината година.

Вкупните оперативни расходи во пресметковниот период јануари-септември од деловната 2023 година изнесуваат 1.762.859 илјади денари и бележат зголемување за 28% во однос на истиот период од минатата година.

Промената на вредноста на залихите во пресметковен период од деловната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 56.219 илјади денари и Друштвото оствари оперативна загуба на износ од 81.888 илјади денари.

Остварената оперативна загуба во пресметковниот период од деловната година е негативна, како и за истиот пресметковен период од минатата година.

Финансиските расходи во пресметковниот период од деловната година се поголеми од финансиските приходи од деловната година во износ од 15.612 илјади денари, што од своја страна го намалува нето финансискиот ефект од работењето на Друштвото и Друштвото оствари загуба од редовно работење на износ од 97.500 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вабтек МЗТ со загуба во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КАМ: Агенцијата за храна ја потврди исправноста на замрзнатиот зеленчуков микс од „Сани микс“

Редакција

Скопски пазар лани со добивка

Редакција

Раст на приходите, добивката и извозот на Алкалоид во првото полугодие

Редакција