еМагазин
Image default
Македонија

Вчера се аплицирани 17.343 вакцини: 60% од населението над 70 години имаат примено по една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 463.048 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 6.608 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.343 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 747.728 дози вакцини, а ревакцинирани се 284.680 граѓани.

„Со последните бројки 60% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 57% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба,“ се вели во соопштението.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средните училишта во Тетово и Гостивар ќе почнат со онлајн настава, основните со физичко присуство

Редакција

ЗНМ и ССНМ бараат враќање на одземениот буџет за нормално функционирање на МИА

Редакција

Милошоски го повика Османи во среда да реферира за патоказот со Бугарија пред Комисијата за надворешна политика

Редакција