еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски го повика Османи во среда да реферира за патоказот со Бугарија пред Комисијата за надворешна политика

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски денеска соопшти дека за среда во 15:00 часот ќе закаже седница на Комисијата и ќе го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот за којшто премиерот Зоран Заев и специјалниот пратеник Владо Бучковски го преговараат со Софија.

Милошоски, кој ова го објави на својот профил на Фејсбук, напиша исто така дека протестите на опозоциската партија продолжуваат и во понеделник и во вторник пред Минисгтерството за надворешни работи од 17 до 19 часот.

-На 11ти јуни, после неколкудневни протести на опозицијата, министерот за надворешни работи Османи изјави дека е спремен да реферира пред пратениците за контраверзните преговори што двоецот Заев-Бучковски ги води со Бугарија.

Да потсетам, пред цели 6 месеци, на 16ти јануари истата оваа Влада усвои заклучок дека пред пратениците ќе бидат презентирани информации за предлог Акцискиот план, кој го преговараат со Бугарија, но досега наместо отчетност имавме молк, нетранспарентност и чести понижувања на Македонија.

Заклучокот е дека во нормални демократии за најбитните национални теми владите сами иницираат дебата со парламентот, додека во хибридните режими како во Македонија, потребни се протести за да натераш владин министер да даде отчет пред пратениците, посочува, меѓудругото, Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема потреба од протести, подготвен сум да реферирам пред пратениците, вели министерот Османи

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Член на семејството на војводата самиот одлучил да ја промени надгробната плоча за која реагираше бугарското МНР

Редакција

Татко, мајка и ќерка починале од Ковид-19 во својот дом во Тетово

Редакција

Повеќе машки отколку женски лица меѓу новозаболените од корона вирусот

Редакција