еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Татко, мајка и ќерка починале од Ковид-19 во својот дом во Тетово

Татко, мајка и нивната ќерка на 36 години починале поради компликации од Ковид-19 во домашни услови во Тетово минатата недела, а карактеристично е што тројцата имале хронични болести и се наоѓале во тешка состојба, информираат од тетовската клиничка болница.

Тие не биле на преглед во ковид центарот и починале дома. Според лекарите, генетскиот фактор и хронични болести се факторите за ковид смртни случаи во цели семејства како тетовското.

-Имаме информација од минатата недела дека во домашни услови има тројца починати од едно семејство, од кои најмладата е 36 годишна жена со коморбидитети, била со обезитас, гинеколошки проблеми.

Нејзините родители биле со тешки форми на болести како канцер во терминална фаза кај таткото и кардиолошка болест кај мајката. Значи генетскиот фактор и коморбидитетите се главниот проблем за смртни случаи при зараза со Ковид-19, изјави д-р Миранда Пајазити од тетовската клиничка болница.

Од болницата велат дека немаат информации како се заразиле членовите на семејството.

-Немаме информации за начинот на кој се заразиле. Можно е да било поради групирање, не само свадби, имаше разни видови на групирање кои може да доведат до заразеност. Затоа апелираме да нема групирање, да нема никакви настани додека се смири ситуацијата.

При првите симптоми да прават контрола и тоа е многу добро. Сега во Клиничката болница нема многу членови од исто семејство кои се заразени, но во домашни услови има, има и во поблага и во полоша форма.

За жал повеќето пациенти доаѓаат во терминална фаза од болеста ги кријат симптомите дома, објаснува тетовската докторка.

Изминатите 24 часа во тетовската болница имало два смртни случаи кај хоспитализираните пациенти, на 40 и 60 – годишна возраст.

-Овие денови расте свеста и доаѓаат на прегледи. И тоа е добро, ќе помогне во намалување на бројот на заразени. Генетски фактор е многу значаен, а плус делта варијантата на Ковид-19 има способност еден човек да зарази деветмина. Многу е посилен од минатиот, рече д-р Пајазити.

Сега во ковид – центарот има 108 хоспитализирани од кои 106 на кислородна поддршка и двајца на неинванзивен респиратор. Новопримени се 14 лица, а испишани од болничко лекување се десет луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела во Тетово од Ковид-19 починале четворица членови од исто семејство, имале наследни болести и слаба генетика

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македон ја објави својата прва книга

Редакција

Заев подготвен прв да земе двојазичен пасош со новото име – Република Северна Македонија

Редакција

Детален преглед за Скопје: Пет општини со над илјада активни случаи на Ковид-19

Редакција