еМагазин
Image default
Македонија

Верификувани мандатите на новите пратенички Санела Шкриељ и Марија Кочовска

Собранието денеска на 61-та седница ги верификуваше мандатите на новите пратенички, Санела Шкриељ и Марија Кочовска. Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега ја извршува функцијата министер за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е министерка за култура.

Вкупно гласаа 90 пратеници, од кои 89 гласаа „за“, еден воздржан и ниту еден против.

По верификацијата, новите пратенички влегоа во собраниската сала и учествуваа во работата на седницата. Мандатите на новите пратенички вчера ги потврди Државната изборна комисија (ДИК) на својата 43-та седница.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 870 пациенти заболени и суспектни на Ковид-19

Редакција

Нови 29 случаи на Ковид-19 од 3.856 тестирања, бројката на активни се намали на 999

Редакција

Победа за Македонците во Егејска Македонија: Грчкиот суд ги укина сите тужби против Центарот за македонски јазик

Редакција