еМагазин
Image default
Бизнис

ВФП фонд менаџмент доби одобрение за управување со доброволен пензиски фонд

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информира дека ВФП фонд менаџмент АД Сскопје достави Известување до Агенцијата за извршениот упис на „Друштво за управување со доброволни пензиски фондови ВФП пензиско друптви АД Скопје” во Централниот регистар.

„Агенцијата, по разгледување на доставената документација утврди дека се исполнети условите од членовите 41 став (3) и 43 став (1) од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и одлучи условното одобрение за управување со доброволен пензиски фонд да стане полноважно.

Врз основа на ова, Агенцијата го запиша фондот ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје во регистарот на задолжителни и доброволни пензиски фондови.

Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нико Ташков поднесе оставка од Одборот на директори на Европа

Редакција

Владата и Министерството за одбрана најтранспаретни, најмалку информации се објавуваат за финансиите

Редакција

АСОМ: Македонија е единствена земја во регионот во која не се нудат он-лајн игри на среќа

Редакција