еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема воз Скопје-Табановце, бидејќи нема машиновозачи

Кумановци и жители на соседните села, пред сè Табановце и Романовце, се жалат дека извесен период немаат железнички превоз кон Скопје, а информацијата денеска ја потврдија од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје од каде кусо информираа дека проблемот е поради недостиг на машиновозачи. Оттаму најавија решавање на проблемот од август, годинава.

Од македонски железници во кусото соопштение информираат дека линијата Скопје – Табановце – Скопје е во прекин.

– Линијата Скопје – Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостаток на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје – Табановце – Скопје да се нормализира во август 2022 година, кусо информираа од ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

Кумановци и жителите на селата кои патуваат за Скопје укажуваат дека имаат и месечни билети и дека ќе бараат поврат на средствата. Тие бараат побрзо решавање на проблемот, бидејќи цената на дневниот билет и повратна карта со воз е поевтина од цената за превоз со автобус.

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ објави 25 проценти попуст на одредени дестинации

Редакција

Поради измени во тендерската документација продолжен рокот за понуди на повикот за субвенционирани летови

Редакција

93,9% од заболените со Ковид-19 во Македонија се лекувале дома

Редакција