еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Албанија ја доби првата пловечката фотоволтаична централа

По успешното завршување на фазата на имплементација, пловечката фотоволтаична централа во Елбасан започна со работа, јави весникот „Илинден“.

-Првата пловечка централа во Албанија произведува струја од обновлива енергија која се внесува во албанската енергетска мрежа. Централата се наоѓа во вештачката акумулација Бања, со која управува норвешката компанија „Статкрафт“.

Хидроелектраната е со моќност од 72 мегават часови. Ова е иновативен проект за истражување и развој со инсталирана моќност од 2 мегават часови и планирано годишно производство од околу 2,6 гигаватчасови, додава весникот повикувајќи се на објава на компанијата.

Оваа пловечка фотоволтаична технологија е развиена од норвешката компанија Ocean Sun и имплементирана со албанската компанија Доко. Покрај производството на обновлива енергија, овој истражувачки и развоен проект ќе послужи и како основа за учење и оценување на потенцијалните придобивки од оваа технологија.

-Ја завршивме фазата на имплементација на пловечката фотоволтаична централа Бања, иновативен проект за истражување и развој кој може да придонесе за развој на обновливите извори на енергија.

Врз основа на потенцијалот на обновливата енергија во Албанија, веруваме дека земјата може да игра клучна улога како иноватор за обновлива енергија во регионот, изјавил Симен Бреин, потпретседател на „Статкрафт“ за Европа.

Според Ригела Гегприфти, генерален директор на Статкрафт во Албанија, завршувањето на фазата на имплементација на овој проект за истражување и развој претставува уште едно достигнување на компанијата во Албанија.

-Овој проект е реализиран во тесна соработка со албанските власти. „Статкрафт“ е најголемиот приватен инвеститор во Албанија во обновливи извори на енергија со хидроцентралите Бања и Моглица и во моментов ги разгледуваме можностите за понатамошна оптимизација на овие средства за обновлива енергија, изјавила Гегприфти.

Компанијата „Статкрафт“ е присутена во Албанија од 2007 година.

МИА/Видео/фото: Статкрафт

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Магичен концерт на Дуке Бојаџиев во Градски парк

Силвана Жежова

Која е Гордана Димитриеска Кочоска, која ВМРО-ДПМНЕ ја предлага за заменик министер за финансии

Редакција

МВР отвори две истраги за да утврди дали полицајци и надворешни лица му помогнале на Груевски да побегне

Редакција