еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Балерината Саша Евтимова изведе перформанс за ширење надеж, наспроти пандемијата со корона вирусот

Доријан Миловановиќ сними видео со балерината и кореограф Саша Евтимова, која со перформанс на покрив од зграда во Скопје, шири надеж во време кога светот се справува со пандемијата со корона вирусот.

Евтимова која е позната по бројни улоги во различни перформанси, во ова видео е симбол и на темнина и на надеж.

„Надежта гледа светлина и покрај темнината што нè опкружува,“ вели Евтимова за перформансот.

Ова видео наиде на добар прием на социјалните мрежи, па беше доста споделувано.

Фото: Фејсбук/Саша Саган/видео: Доријан Милановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мадона и Кајли Миног за првпат пееа заедно

Редакција

(ВИДЕО) Слушнете ја македонската песна за Евровизија

Редакција

Македонци во Вашингтон ќе навиваат „Медена земја“ да добие Оскар

Редакција