еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Бојана Скендеровски со „Да те немам“ на „Макфест“, најавува новини во нејзината кариера

Овогодинешното 38. макфестовско издание не помина без двократниот победник на единствениот фестивал на забавна музика кај нас – Бојана Скендеровски, која на сцената ја донесе одличната „Да те немам“.

Станува збор за брза, клупска песна чии аранжман и музика ги потпишува самата, додека текстот е дело на Робин Зимбаков.

„Песната е во малку поинаков стил, но некако сакав на мојата публика да ѝ приредам мало освежување, а воедно сакав да донесам и нешто ново и поразлично и во мојот репертоар“, вели Бојана и открива дека нема да застане тука.

Веќе наголемо, вели, се работи на нови песни, се размислува за дует, солистички концерт, а, секако, тука е и проектот „Македонијо во срце те носиме“ кој продолжува напролет.

Освен што на сцената донесе стилски поразлична песна, Бојана се потруди и комплетниот настап и појавувањето да биде уникатно и впечатливо.

„За мојот изглед овој пат беше задолжена Ивана Кнез, која инспирацијата за креацијата ја најде во приказната од романот „Дилбер Стана“ на Стале Попов – девојка заробена во прекрасна гардероба и сопствени соништа во копнеж и мечта по љубов.

Бисерите како заштитен знак на Ивана Кнез симболизираат моќ за трансформација на негативното во позитивно, кога од проблем се создава волшепство исто како што школката од зрно песок го создава бисерот. Со вера, надеж и љубов, од жена за жени,“ раскажува Бојана и вели дека и таа како во приказната за бисерот ќе се труди и понатаму да создава волшепства.

Бојана е двоен победник на Макфест – прв пат во 2003. година кога ја отпеа темата „Немам одбрана“ и втор пат во 2015. кога триумфираше со „Диви цветови“.

Фото: Томи Трајчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември во партнерство со Државна лотарија

Редакција

Beach film festival во Охрид од 19 до 23. јули

Редакција

(Фото) Новинарката Лупевска Созен го прослави вториот роденден на синот

Редакција