еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември во партнерство со Државна лотарија

Скопски моден фестивал три дена ќе ја слави модата во метрополата, на нова урбана локација – центарот за настани Pure Night Club во градскиот парк, каде под блесокот на рефлекторите од 28 до 30 септември, последните колекции и дизајнерски дострели пред илјадниците гости и посетители, на сцената ќе ги прикажат низа македонски и странски учесници, под закрила на маркетинг агенцијата Max Management Inc.

Официјалната ревиска програма ќе се одвива во четврток, петок и сабота од 18:30 до 22:30 часот.

Трите заштитни лица на третата сезона се интернационалните модели Аинура Јементајева, Тами Петковска и Кристина Велковска од Моделс Ин.

Организаторите традиционално изработија најавно видео и едиторијални фотографии, инспирирани од среќната лото тројка и боите на ноќта, во соработка со дуото Frozen Time Drops. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска. Извршен продуцент е Милан Атанасов, креативен директор на фестивалот.

Девојките носат комбинации на ексклузивни креации од познати и еминентни имиња на нашата модна сцена: Билјана Каран, Ивана Кнез, KTN, La Maison Cece T. и Христијан Младеновски.

Кошулите, од друга страна, го навестуваат пристигнувањето на брендот Сербез, чија деби колекција премиерно ќе се лансира и внесе освежување на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија. Чевлите и чантите се од мултибренд понудата на N Fashion, додека сребрениот накит е од Noel Jewelss.

За шминката е заслужно Moe Studio Dadar, а за фризурите се погрижи Social Hair Salon.

Официјални партнери за шминка и убавина на настанот се FABUspot, застапени со премиум брендовите: Mac, Bоbbi Brown, Burberry, Clarins, Estée Lauder, Shiseido и Foreo. Официјални партнери за фризура и нега на коса на фестивалот се Dakalama, со широката палета на производи од: K18, Revlon Professional, Glynt и Reuzel.

По година и половина од првото издание, односно две одржани сезони, Скопски моден фестивал може да се пофали со бројка на учесници од над 40 дизајнери, брендови и академии, присуство на повеќе од 100 акредитирани новинари, фотографи и претставници на новите медиуми, како и посетеност од речиси 15.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности на настанот.

Кои се главните протагонисти и што ќе донесе „среќната тројка“ на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, целата јавност ќе дознае веќе од оваа седмица, а особено во живо на 28, 29 и 30 септември во клубот Pure.

Промотивна објава

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК кој заврши во притвор

Редакција

Министерството за финансии вработува 17 државни службеници, плата до 32.868 денари

Редакција

(Видео) Македонските војници помогнаа во спасувањето на петгодишниот Сулејман од рушевините од земјотресот во Турција

Редакција