еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Вчера и денеска изгаснати 19 пожари низ Македонија

Изгаснати се сите 19 пожари што беа регистрирани во текот на вчерашниот ден, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во гаснењето учествуваа противпожарните тимови на институциите од Системот за управување со кризи (СУК).

Изгаснатите 19 пожари на отворен простор, од кои шест се догаснати рано утрово, биле во: Општина Аеродром, 3, кај гробиштата во населбата Ново Лисиче (каде што горела ниска вегетација), кај село Горно Лисиче (ниска вегетација) и покрај ул. „Вардарска“ (ниска вегетација), Општина Студеничани, 1, село Осинчани (ниска вегетација и нискостеблеста шума), Општина Гази Баба: 1, село Идризово (ниска вегетација, ѓубре и нискостеблеста шума), Општина Сарај, 2, село Рашче (отпадоци) и кај езеро Треска (отпадоци), Општина Могила, 2, село Беранци (ниска вегетација и стрниште) и село Чарлија (ниска вегетација), Општина Тетово, 1, село Ѓермо (депонија), Општина Теарце, 1, село Глоџи (депонија), Општина Прилеп, 2, село Ерековци (ниска  вегетација и стрниште) и кај кај фабрика Донија (ниска вегетација), Општина Охрид, 1, село Буково (депонија), Општина Дебарца, 1, с.Песочани (ниска вегетација), Општина Струга, 2, с.Ново Село (ниска вегетација и стрниште) и кај село Белица (ниска вегетација), Општина Струмица: 1, село Свидовица (ниска вегетација), Општина Желино, 1, село Добарце (депонија) и во Општина Куманово, 1, село Долно Којнаре (каде што горела ниска вегетација и отпадоци).

-Регионалниот ЦУК Битола извести дека при пожарот во атарот с.Беранци, во Општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, пругата била оштетена на повеќе места.

Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД – Скопје“.

По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17.42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа. ЦУК примил известување „ЖРС Македонија транспорт АД – Скопје“ дека другиот железнички (патнички и товарен) сообраќај се одвива нормално, информира ЦУК.

Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Александар Стојкоски, новиот градоначалник на Ѓорче Петров

Редакција

Министерството за транспорт и врски склучи договор со “Ју-бај 2 Амет“ вреден 1,2 милион евра

Редакција

Софија очекува во најкус рок да се расчисти инцидентот со бугарскиот клуб во Охрид

Редакција