еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Концерт на „Македонијо во срце те носиме“ на 21. септември во Велес

„Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… оваа недела ќе се пеат во Велес, зашто караванот „Македонијо во срце те носиме“ по одличните концерти во Штип и Битола својата мисија ја продолжува во градот на Гемиџиите, родното место на Кочо Рацин, на големиот Петре Прличко, на народниот херој Миле Поп Јорданов, на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Рајко Жинзифов

Концертот е закажан во четврток, на 21 септември, со почеток во 20 часот, а ќе се одржи во Амфитеатарот во велешкиот Младински парк.

Публиката ќе има можност на едно место да ги види и чуе Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

Затоа не пропуштајте ја можноста да пееме во еден глас и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европратеници ќе испитуваат како Бугарија ги троши европските пари

Редакција

Османи да ја покани бугарската колешка да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини, повика Мицкоски

Редакција

Граѓаните на есен ќе треба да приложат сертификат дека примиле вакцина, доколку сакаат да присуствуваат на масовен настан

Редакција