еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Бугарите сакаат пак да не земаат – стогодишник од Караорман порачува: Не ја давајте Македонија

„Да сум малку помлад и јас би го виорел македонското знаме пред Собранието во Скопје„ со овие зборови екипата на телевизија Алфа ја дочека стогодишниот Ристо Насков, од штипски Караорман.

Голема грутка на душата му се прави кога ќе слушне Северна Македонија, раскажува овој старец, кој за шест месеци ќе го прослави својот стоти роденден.

„Многу ми е криво! Бугарите сакат пак да не земат. Ние се боревме. Многу жртви дадовме за Македонија„, вели Насков

Сите што загинаа ги воскреснавме и повторно ги погребавме, а Бугарите беа окупатори, се присетува овој старец, на кој периодот од 1942 до 1945 година ќе му остави спомени и траги кои ќе го прогонуваат во текот на целиот живот.

Насков успеал да се спаси од бугарската регрутација, но не и брат му Симеон, кој се уште е жив и има 103 години. Тој избегал во партизани, а брат му по три години служба успеал да дезертира од бугарската армија. Тој  е еден од тринаесетмината од 14 Бригада, кои успеале да се спасат од крвопролевањето на Сремскиот фронт.

Овај стогодишен старец ни порачува да си ја сакаме земјата, бидејќи само таа ќе ни остане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цела листа: Кои пратеници дадоа амин за „францускиот предлог“

Кој е Диме Велковски, пратеникот од СДСМ кој не гласаше за заклучоците за „францускиот предлог“

Малинка Ристевска-Јорданова: Пратениците Македонци беа надгласани, опасен преседан, подржан од ЕУ

Фото/видео: Алфа ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Активни пожари во Малешевијата, Штипско, Скопско, Прилепско, Велешко, Тетовско и Куманиовско

Редакција

Владејачките партии не го чекаат мислењето на Венецијанската комисија: Собранието го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците

Редакција

Се изживуваат врз нас и се испраќа лоша порака кон македонските граѓани, вели Мицкоски за раздвојувањето на Македонија и Албанија на европскиот пат

Редакција