еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

(Видео) Денеска во Тирана почнува Самитот на Берлинскиот процес, еве каде ќе се одржи

Денеска во Тирана почнува Самитот на Берлинскиот процес, а истиот ќе се одржи во реконструиранот објект „Пирамида“, симбол на албанската диктатура.

Овој Самит за првпат се организира во земја која не е членка на Европската Унија.

На истиот меѓудругите ќе учествуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот канцелар Олаф Шолц, чија земја го иницираше Берлинскиот процес, македонскиот премиер Димитар Ковчевски, косовскиот Албин Курти

Се очекува денеска да пристигне и францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно го откажа учеството, но се очекува да допатува попладне во првата официјална посета на Тирана, што е прва посета на француски претседател.

Фото/видео: Рама/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната на Мијалков во завршните зборови во „Таргет-Тврдина“: Само се претпоставува дека тој прислушувал кога бил директор на УБК

Редакција

Околу 3% од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство

Редакција

Измама: На скопјанка и зеле 10.000 евра лажејќи ја дека ќерка и прегазила девојче

Редакција