еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Доктор Трајковски: „Не е секој пациент за инфузија, но ако има домашна посета потребно е да се остави медицинска белешка“

Додека трае истрагата, кој е докторот кој 67-годишна жена болна од Ковид-19 две недели ја третирал со инфузии, без да остави медицинска белешка што ѝ давал, лекарите ги предупредуваат граѓаните да внимаваат, и лечењето на коронавирусот да го третираат преку матичен лекар или специјалисти.

Матичниот лекар Бојан Трајковски, за телевизија „Сител“ изјави дека и не секој пациент треба да биде третиран со инфузии.

„Пациенти од немоќ, од желба за побрзо оздравување, несфаќање на целата ситуација, вртат по телефони и секој еден пушта инфузии. Тоа е недозволиво.

Една работа е многу битна, а тоа е, не секој пациент е за инфузија. Ние имаме состојба во која целиот имунолошки систем и турнат и нормално е да си омалаксан, да имаш температура, нормално е да ти е лошо. Но тоа не значи, дека веднаш треба инфузија“, вели Трајковски.

Според него, и доколку има домашна посета од страна на лекар, таа треба да заврши со медицинска белешка во која би стоело и зошто и како пациентот е третиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се уште не знае кој е лекарот кој во домашни услови лечел болна со Ковид-19, по што таа починала

Доктор Бухова со апел: Граѓаните кои се лекуваат од Ковид-19 во домашни услови, задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување

Фото:Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Традиционална средба на премиерот и сопругата со Здружението „Мобилност“ од Струмица

Редакција

Проф. Трајковски: Падот на новодијагностицирани со Ковид-19 виси на конец

Редакција

Кардула прашува зошто Град Скопје не ги предал делата на Атина, собрани во хуманитарни цели

Редакција