Јутјуб каналот на Леа Ризаова „Дома со Леа“ е првиот и единствен канал за мајчинството на македонски јазик. Леа, секој понеделник објавува нови видеа на теми од секојдневието на мајките на мали бебиња.
„Покрај советите за трудници и за нега на бебе, објавувам life hacks но и видеа на малку истражени теми како на пример токсичниот свет на деца „јутјуб“, предизвикот Момо како и интервјуа со млади мајки претприемачки“, вели Леа за „еМагазин“.
Во иднина се што е ново од нејзе на јутјуб каналот ќе може да се проследи и на еМагазин.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.