еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Филмска акција на МВР: За неполни шест часа „уловени“ 40 моторџии во Скопје

Во периодот од 19.30 на 05.09.2019 до 01.00 часот на 06.09.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.

При контролата откриени се 40 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци, за што им се издадени исто толку прекршочни платни налози.

Покрај тоа, поради основи на сомнение за техничка неисправност (создавање бучава) одземени и задржани се 13 мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.

Исто така, откриени се и 43 останати прекршоци за што се издадени 19 мандатни платни налози и 24 прекшочни платни налози.

Во периодот од 01.01.2019 до 31.08.2019 на територијата на Скопје санкционирани се 1.111 мотоциклисти.

„Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со зајакнати акциски контроли со цел санкционирање на прекршителите на законите“, соопшти МВР.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Како полицијата и пожарникарите извлекуваа заглавени возила во Скопје

Редакција

(Фото) Превентивна активност на СВР Тетово: Макета на полицаец сo радар, ќе ги „заплашува“ возачите во тетовско

Редакција

Возило излетало на пруга, во спасувачка акција извлечени две лица

Редакција