еМагазин
Свет

(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: На Меркел на средба со Путин и заѕвони мобилниот

Видео од вчерашната средба на германската канцеларка Ангела Меркел со рускиот претседател Владимир Путин, стана хит на социјалните мрежи.

На проштална средба со Путин, на Меркел и заѕвони мобилниот телефон среде говорот на Путин.

Како што се гледа на видеото таа веднаш ја подаде раката во џебот, го извади телефонот и го намали гласот. Путин продолжи да зборува, но оваа ненадејна ситуација предизвика насмевка кај него.

Тој потоа на шега и рече на Меркел дека тие „ќе продолжат да бидат во постојан телефонски контакт“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не планираме да напаѓаме други земји, не ја нападнавме ни Украина, вели рускиот министер Лавров

Редакција

(Видео) Русите чекаат 48 часа да влезат во Грузија, опозицијата бара затворање на границите и воведување визи

Редакција

Зошто Италија е толку погодена од кризата со коронавирусот

Редакција