еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Русите чекаат 48 часа да влезат во Грузија, опозицијата бара затворање на границите и воведување визи

На границата меѓу Русија и Грузија се создаваат долги редици сообраќај низ планинскиот премин, објави „Си-ен-ен” додавајќи дека луѓе чекаат и до 48 часа за да влезат во Грузија.

Редици се насобраа на Верхни Ларс од Северна Осетија кон Грузија и на други гранични премини, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела воведе делумна мобилизација.

На видеа може да се види како семејства и само машки лица чекаат да го поминат граничниот премин. Луѓе се доближуваат до преминот и пеш, влечејќи куфери.

– Среде ненадејниот прилив ја притискавме владата да воведе визи или да ги затвори границите, изјави за „Си-ен-ен” опозициската политичарка во Грузија, Нона Мамулашвили.

Засега, според „Си-ен-ен”, границата сè уште е отворена.

МИА/Видео/фото: NEXTA TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов пообилни и поројни врнежи, засилен ветер, од понеделник заладување и снег

Редакција

ИРЛ открива пропусти на Обвинителството за истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, од таму велат дека тоа е манипулација

Редакција

Починатиот маж од коронавирусот во Кавадарци е странски државјанин

Редакција