еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Починатиот маж од коронавирусот во Кавадарци е странски државјанин

Вчера во Македонија беа регистрирани два смртни случаи на лица заразени со коронавирусот.

Подоцна во текот на денот почина и родилката од Куманово, која беше заболена од коронавирусот.

“Регистрирани се 2 смртни случаи од COVID-19 во текот на изминатите 24 часа.

Се работи за заболено лице од Куманово и странски државјанин регистриран во Кавадарци.

Се работи за машки лица на возраст од 44 и 73 години.

Кај починатото лице од Куманово се присутни симптоми на заболувањето, коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.) и бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје (КИБФС).

Странскиот државјанин е со престој во државата во период од 4 месеци“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Порталот ТВ Нова објави дека тој бил албански државјанин и дека работел во градежништвото.

Од Министерството за здравство пак вчера информира дека лицето кое починало во Кавадарци е пронајдено мртво во неговиот стан. Кај него постмортем е земен брис и истиот потврдил присуство на корона вирусот.

Родилката од Куманово пак имаше само 27 години.

“Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.

Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката“, информираа од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: 12 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија имале контакт со потврден случај

Детален преглед: Број на починати и заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Двајца странски државјани досега починаа од коронавирусот во Македонија

(Фото) Синот на српскиот претседател Вучиќ заболен од коронавирусот

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немаат симптоми: Две лица од Тетово од исто семејство заразени со делта сојот

Редакција

Заев не открива детали за барањата на Бугарија

Редакција

Владата забрзано ќе спроведува Законот за употреба на јазиците: Меѓуресорска група ќе подготвува акциски план

Редакција