еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ВИДЕО) Иван Огњановски, првиот пациент со трансплантирано срце и денес е на Клинички – но не како пациент, туку како вработен

Една и пол година откако доби ново срце, Иван Огњановски повторно е на државната кардиохирургија. Но, не како пациент, туку вработен во администрацијата на клиниката, објави телевизијата Сител.

-Разнесувам пошта кога има, средувам документи за архива, во административниот дел сум, вели Огњановски.

Овој 55 годишен скопјанец е првиот пациент на кого му беше направена трансплантација на срце во земјата, но и прв случај по престој во болничка соба да премине како дел од работниот персонал.

Здравствено се чувствува одлично и заборавил на периодот кога не можел да направи ниту два чекори.

-Одлично се чуствувам. Ова срце и короната ја издржа, ја преживеа, вели Иван.

Огњановски заврши како вработен на кардиохирургија откако претходно го одбиле за инвалидска пензија иако ги исполнувал условите. Сега кога се движи со моторот го познаваат сите.

-Не само на кардиохирургија, цела државна болница ме знае. Имам предност не дозволуваат да чекам ако има гужви, вели Иван.

Во градите на Иван чука срцето на Емилија Динева од Дојран по чија смрт сопругот и децата го направија најхуманиот чин и ги донираа органите за спас на други пациенти. Сега Огњановски и Диневи функционираат како големо семејство.

-Бев на одмор летото, а синот кога ќе дојде петок секој викенд е таму, се дружат, вели Иван.

Фото/видео: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска студено со слаб локален снег и северен ветер

Редакција

Митрополит г. Петар: Христос се раѓа во оној, кој денес ќе го сретне својот ближен и ќе му посака секакво добро

Редакција

Ќе се зголеми достапноста на лекот „Ocrevus“ за забавувaње на развојот на мултипла склероза

Редакција