Што се добива кога ќе се спои TikTok – моментално најбрзо растечката социјална мрежа на светот и Blackpink – корејска музичка поп-група која пред недела дена целосно го „урна“ YouTube, рушејќи го рекордот за најмногу прегледи за 24 часа, со дури 82,4 милиони прегледи на нивното најново музичко видео?
Одговорот е кампањата #danceAwesome, како и многуте награди, рушење рекорди и милиони позитивни реакции ширум светот. Имено, откако неодамна беше претставена соработката со планетарно популарниот К-Поп бенд BTS, во форма на специјалното издание на уредите Galaxy S20+ и Galaxy Buds+, Samsung ги здружи силите со уште една корејска сензација, започнувајќи масовен тренд на TikTok платформата.
Blackpink е четиричлена музичка група која за само четири години постоење, успеа да достигне преку 40 милиони следачи на YouTube. Исто така, ова е прв женски бенд кој не пее на англиски јазик, а кој стигна до познатата топ листа на магазинот Billboard.
Девојките од групата Blackpink измислија симпатична кореографија на „заразна“ мелодија во која ритмично се повторуваат зборовите „сјаен екран, сјајна камера, долготрајна батерија“, истакнувајќи ги функциите кои се најважни на корисниците на телефони, а кои се одликуваат и кај новата Galaxy A серија.
Како што можеше и да се очекува, одзивот на младите луѓе и Blackpink фановите ширум светот е фантастичен – 4,7 милиони од нив се приклучиле на #danceAwesome предизвикот и ја снимиле својата кореографска верзија во чест на моделите од Galaxy A серијата, а направени се повеќе од 20,2 милијарди прегледи на TikTok. Конечната потврда стигна и од страна на Асоцијацијата за дизајн и уметност, која ја награди кампањата за исклучителна креативност и иновација.
Во продолжение погледнете некои од најуспешните #danceAwesome TikTok видеа:
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА