еМагазин
Image default
Техно

Отворен вториот повик за млади за учество во работата на Ино Фаб Лаб

Ино Фаб Лаб го отвори повикот за млади на возраст од 15-29 години за учество во работата на првиот Фаб Лаб во нашата земја!

Ино Фаб Лаб, лабораторијата за производство и прототипирање, лоцирана на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, е опремена со најнова генерација на 3Д печатари, ЦНЦ машина за дрво, метал и пластика, линија за рециклирање на пластика и преса за композитни материјали.

Овде младите, работејќи во тимови, разработуваат иновативни идеи и ги реализираат до фаза на прототип.

Кој може да аплицира?

Сите млади од земјата на возраст од 15 до 29 години. Нема ограничување во однос на местото на живеење и образовната институција каде што се образуваат.

Како ќе се одвива работата во Ино Фаб Лаб?

Работата ќе се одвива во тимови од 4 до 8 лица, од кои најмалку 40% треба да бидат женски лица. Тимовите ќе бидат менторирани од професори, иноватори и инженери/експерти од различни индустрии. Работата на еден проект ќе трае од 2 до 4 месеци, а добиениот прототип ќе биде презентиран на настан пред стручната и инвеститорска заедница.

Пријавувањето е отворено од 06 декември 2022 до 30 јануари 2023 година на следниот ЛИНК.

За сите дополнителни прашања контактирајте на следната е-меил адреса: [email protected].

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вештачката интелигенција го менува светот

Редакција

Samsung „Life Unstoppable“ – прва виртуелна интерактивна конференција

Редакција

Данокот на добивка за ИКТ компаниите ќе се намали на три проценти

Редакција