еМагазин
Image default
Техно

Данокот на добивка за ИКТ компаниите ќе се намали на три проценти

Многу скоро ќе го намалиме данокот на добивка за ИКТ компании за одредени дејности на три проценти и се надеваме дека голем број домашни и странски компании ќе ги зголемат своите капацитети, ќе отворат нови работни места со многу подостоинствени плати, како што тоа го нудат ИТ компаниите, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан  Манчевски.

На денешната панел дискусија „Дигитализација 2019 во Република Северна Македонија“, Манчевски истакна дека Владата  ги поддржува домашните и странските компании во активностите за развој на бизнисот и ги мотивира да инвестираат уште повеќе во капацитети.

Соработката со приватниот сектор, како што рече Манчевски, е особено значајна за спроведување на дигитализацијата во институциите, што е столб на реформите во администрацијата.

Според Манчевски, основата за да се зголеми значително бројот на електронски услуги од институциите до  граѓаните е регистарот на население чија инсталација треба да заврши за две недели и по периодот за тестирање да се пушти во употреба.

– Во финална  фаза сме на инсталација на електронскиот регистар на население после кој веднаш треба да го пуштиме во  употреба и новиот национален портал на електронски услуги. Но, развојот на новите услуги не може да се одвива без поддршка од приватниот сектор.

Затоа ни е важна соработката со  стопанските комори и со приватните компании што даваат поддршка за нови иновативни ИТ решенија и на институциите на системот. Потребна е заедничка работа. Дигитализацијата  е заеднички напор и таа не може да се случи без сите да се вклучиме во неа, изјави Манчевски.

Тој истакна дека со неодамна донесените закони за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, дигиталните документи стануваат паралелно важечки како и хартиените и дури и добиваат поголема предност.

– Ниту една институција нема да смее да ви бара документ на хартија согласно новиот закон доколку го имате електронски, а досега не беше така, рече Манчевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работа од дома или како повеќе не ни се потребни старите навики за од канцеларија да се „префрлиме” во аголот од дневната соба

Редакција

5G за секого: Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro

Редакција

Пет години гаранција на апаратите за домаќинство на Samsung

Редакција