еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

5G за секого: Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro

Првите телеком 5G смарфони имаат големи екрани, камери со висока резолуција и премиум дизајн по пристапна  цена, информираат од Македонски Телеком.

T Phone и T Phone Pro ќе бидат достапни од 5 октомври во телеком продавниците, TelekomMK апликацијата и www.telekom.mk.

Развиени и дизајнирани во партнерство помеѓу Дојче Телеком и Google, T Phone и T Phone Pro нудат беспрекорно 5G искуство.

-Ширењето на 5G технологијата има трансформирачко влијание врз многу аспекти на современиот живот. 5G е многу повеќе од гигабитни брзини, покриеноста и пропусниот опсег што ги обезбедува нè водат чекор поблиску до дигиталната иднина.

Дојче Телеком и неговите национални подружници континуирано инвестираат за да обезбедат покриеност со 5G мрежа секаде. Сепак, главната бариера за пристап до придобивките од поврзаната технологија денес е високата цена на 5G паметните телефони, велат од компанијата.

Како дел од Дојче Телеком Групацијата, Македонски Телеком верува дека дигиталното поврзување треба да биде достапно за секого.

-Затоа, за да можат сите да бидат дел од дигиталната иднина, Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro: 5G за секого. Првите телеком 5G смартфони ќе бидат достапни за корисниците од 5 октомври.

Со овие нови уреди, нашите корисници можат да уживаат во можностите на нашата 5G мрежа којашто постојано се шири, почнувајќи од забава до безброј дигитални производи и услуги – по многу достапна цена, посочуваат од компанијата.

T Phone и T Phone Pro ги нудат најбрзите и најсигурни мрежни брзини во нивниот пазарен сегмент. Моделите имаат 6,82” и 6,52” HD+ дисплеи, со големи батерии за да останете поврзани во движење, опција за брзо полнење од 15 W, камери со висока резолуција и премиум дизајн, кој вклучува сензор за отпечатоци од прсти Magenta.

Партнерството на Дојче Телеком со Google гарантира дека T Phone и T Phone Pro нудат навистина беспрекорно искуство за крајниот корисник, комбинирајќи софтвер и хардвер за да се создаде пар од навистина достапни 5G паметни телефони кои го отклучуваат целосниот потенцијал на 5G мрежата без да се загрози квалитетот, искуството или безбедноста.

Сите корисници на T Phone ќе добијат дополнителна придобивка: 100 GB простор за складирање на cloud за три месеци преку Google One без дополнителна наплата.

Повеќе информации за T Phone и T Phone Pro:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ако ни помагаат да ни помагаат, а не да не понижуваат,“ им порача Азески на европските лидери

Редакција

Полетаа двата авиона со посмртните останки од Софија за Скопје

Редакција

Запознајте ги новите антикорупционери: Шемши Сали, експерт и за боречки вештини

Редакција