еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) „Како да беше судено, да дадам гол на стадионот на кој поминав убави четири години“, вели Трајковски за победата над Италија

Ниту јас, ниту моите соиграчи не сме свесни што направивме. Среќен сум, бидејќи го заслужуваме ова и ние и цела Македонија.

Ова го изјави репрезентативецот Александар Трајковски, кој го постигна голот против Италија, по пристигнување на фудбалерите дома.

„Се надевам дека овде нема да застанеме. Веруваме секогаш во нас и затоа тоа не наградува. Не чека уште една борба, за да се случи историјата, да се оди на Светско првенство кое сите го сонуваме.

Искрено, посакував да го издржам 90-минутниот натпревар, но кога ја добив топката со последни сили шутнав и целиот фокус го ставив на неа. Како да беше судено да дадам гол на стадионот на кој поминав убави четири години,“ вели Траковски.

Тој додава дека сега треба добро да се одморат, бидејќи португалските фудбалери се одлични, имаат своја индивидуална игра.

„Знаеме дека ќе биде тешко, но треба да веруваме и да покажеме дека можеме да се носиме и со нив,“ додава Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Во Врање се слушна кога дадоа гол“: Македонските фудбалери главна вест во регионот и во светот

(Видео) Делириум: Како се славеше победата над Италија во Палермо

Видео/фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 85 случаи на заразени со корона вирусот од 1.188 тестирања

Редакција

Покрај Васев, приведена и медицинска сестра за случајот со Онкологија

Редакција

ДОМ и ЛДП остануваат дел од парламентарното мнозинство, не се за одржување на предвремени избори

Редакција