еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Во Врање се слушна кога дадоа гол“: Македонските фудбалери главна вест во регионот и во светот

„Во Врање се слушна кога дадоа гол“, гласи еден од посмешните коментари на соседите во врска со победата на Македонија над Италија, и елиминирање на европскиот првак од настап на Светското првенство, кое ќе се одржи во Катар.

„Каков шок, првакот на Европа, не игра во Катар. Се случи нешто што никој не го очекуваше. Веќе се гледаше средбата помеѓу две европски големини во борбата за пласман на Мундијалот во Катар.

Се случи чудо, фудбалерите на Португалија по трилер завршницата ја совладаа селекцијата на Турција на свој терен со резултат 3:1, додека од друга страна селекцијата на Северна Македонија направи сензација во Палермо и ја елиминираше Италија со 0:1,“ пишува српски Блиц.

„Б92.нет“ натпреварот го нарече „Епска Македонија, италијанска трагедија“, потенцирајќи дека сите очекувале рутинска победа на шампионите на Европа кои никогаш во историјата не изгубиле на домашен терен натпревар за квалификации за Мундијал.

„Б92.нет“, пренесува и некои од насловите на светските медиуми.

„Италијанска срамота ги остави шампионите на Европа без Светско првенство“ истакнува германски „Билд“.

„Скандалозната Италија пропушта второ Светско првенство во низа“, пишува португалска „А бола“.

„Италијанска ноќна мора“, пишува англиски „Дејли Мејл“.

Хрватски Индекс пишува за славењето на Македонците по победата со наслов: „Кој не полуди тој не е нормален“.

„Селекторот на Македонија во екстаза, живее за своите фудбалери“ пишува Sportske.net.

Веста за победата на Македонија над Италија, денеска е главна во регионот и светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Делирум: Како се славеше победата над Италија во Палермо

„Абе ај една пријателска да изиграме со Бразил“: Твитер за победатата над Италија

(Видео) И Фатиме Фетаи ги бодреше македонските фудбалери во Италија

(Видео) Како се славеше победата над Италија во Скопје

Фото: ФФМ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

42,6% од новозаболените со Ковид-19 рекле дека имале контакт со потврден случај

Редакција

Оптимизам за завршување на руската инвазија по новата рунда преговори помеѓу Украина-Русија

Редакција

Осудени за „27 април“ побарале помилување од претседателот Иванов

Редакција