Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки објави видео на неговиот Твитер-профил, на кое, како што тврди, командир на полициска станица пука со автоматско оружје на тераса.
„Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава.
Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил,“ пишува тој на Твитер.
Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава.
Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо.
Не одговара ниту тој што го поставил.#ДалекуСмеОдЕу pic.twitter.com/MVeBlWwdMd— Драган Ковачки (@Kovacki1) August 27, 2023
Фото: Unsplash