„Хачико“ од Крит, Грција почина осум години по смртта на неговиот сопственик, кој секојдневно го чекаше пред локалниот супермаркет во селото Пателис, пишуваат грчките медиуми, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Изминативе осум години, секој ден, лојалното куче, трпеливо го чекало пред супермаркетот својот сопственик, кој починал од срцев удар, а навечер се враќало во неговата куќа.
Со текот на годините неговата здравствена состојба се влошувала, па соседите на неговиот мртов сопственик од сожалување, одлучиле да соберат пари да го умртват со евтаназија.
Фото/видео: CRETETV
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.