И Митрополитот Европски, Пимен, се вклучи во кампањата „Излези ЗА европска Македонија“.
Во видео обраќање, отец Пимен вели дека референдумот на 30 септември е историска шанса кога одлучуваме за иднината на земјата и затоа тој ќе излезе и ќе гласа „ЗА“:
– Во овие историски моменти за Македонија кога одлучуваме за иднината на својата земја потребно е секој секому да подаде рака, да ги надминеме сите разлики и кавги меѓу нас, и да се обединиме во идејата за европска иднина на нашата земја. Ова е истриска шанска која не смееме да ја прошпуштиме. Затоа на 30. ќе излезам и ќе го дадам својот глас „ЗА“„.
Отец Пимен За европска Македонија
„Да се обединиме во идејата за европска иднина на нашата земја“. – Otec Pimen #ИзлезиЗА
Posted by Излези ЗА европска Македонија on Понеделник, 17 септември 2018
Јавното соопштување на неговата одлука на неговиот Фејсбук профил предизвика лавина од негативни, пред се вулгарни коментари.
Фото/видео: Фејсбук/Отец Пимен