еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Пратеничката Мираковска ги потсети бугарските европратеници дека имаат бугарски пасоши кои се регистрирани на бандера

Пратеничката на НСДП Соња Мираковска, која е копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на Македонија-ЕУ, за време на дебатата во Европскиот парламент во Стразбур, во дискусија со бугарските европратеници истакна дека: „ниту нејзе, ниту на нејзините сограѓани никогаш не можат да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик“.

Бугарскиот европратеник Александар Јорданов посочи дека Советот на ЕУ дал став во кој е јасно кажано дека Македонија пред сè треба да изврши промена во својот Устав за да ги отпочне реалните преговори за членство во ЕУ.

Мираковска одговори дека таа е Македонка, зборува на македонски јазик и живее во Македонија и оти тоа е нејзиниот идентитет.

„Ги признавам моите сограѓани Албанци, Турци, па и Бугари ако ги има. Македонија е пример за мултиетничко општество,“ изјави Мираковска и додаде дека поради долгото чекање на земјава за отпочнување на преговорите со ЕУ се појавил проблемот со земањето бугарски пасоши и тоа е проблем на Бугарија која треба да го решава.

„Вие имате бугарски пасоши кои се регистрирани на една бандера во град во Бугарија. Вие имате бугарски пасоши кои се дадени на сосема нелегален начин и тоа е нешто што треба да се испитува во иднина. Тоа е ваш проблем кој вие треба да го решавате,“ заклучи Мираковска.

Видео/фото: Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 778.482, трета доза примиле 38.719 граѓани

Редакција

За половина година 101 компанија од Македонската берза со вкупна добивка од 141 милиони евра

Редакција

Русија утре ја прекинува испораката на гас за Финска

Редакција