еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Нова песна од Калиопи – „Кад осване“

Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи.

Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика и дарува музичка магија.

Новата песна „Кад осване“ и овој пат комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грил.

„„Песната „Кад осване“ (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен. Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови! Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна! Ромео и овој пат се надмина себе си, а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно.

За неполни пет месеци добив две големи песни! Дуетската „Знам“, со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека „Кад осване“ ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее! Имаме нов хит!,“ вели Калиопи.

Музиката, текстот, аранжманот и продукцијата ги потпишува Ромео Грил.

Фото: Фејсбук/Калиопи

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна ревизија: Резерва за објективноста на финансиските извештаи на МВР

Редакција

Османи ќе го објавел Протоколот пред да се сретне со бугарската колешка Генчовска

Редакција

Вкупно 828 заразени од корона вирусот: Рекордни 68 нови случаи, најмногу во Скопје, Куманово и Прилеп

Редакција