еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Обезглавен наставник по историјa во Париз: На учениците им покажал карикатури на Мухамед на час по слободен говор

Националното обвинителство за борба против тероризмот е задолжено за водење на истрагата за нападот, во кој е обезглавен еден човек во вчера, доцните попладневни часови во париското предградие Конфлан Сент-Онорин (Ивелин), јави дописникот на МИА.

Жртвата е наставник по историја во средно училиште на колеџот и гимназија Буа Д’Олн. Тој неодамна им покажа на своите ученици карикатури на Мухамед за време на час по слободен говор.

Истрагата која е отворена се води за „напад во врска со терористички потфат” и „злосторничко терористичко здружување”, а таа е во надлежност на антитерористичките потдирекции на полицијата и Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ).

Околу 17 часот, во Ерагни (Вал д’Оз), екипа на антикриминалната бригада на полицијата во Конфлан Сент-Онорин забележало лице кое носело нож. Кога полицијата го замолила да го спушти оружјето, тој одбил, по што бил застрелан. Покрај него се наоѓало тело на обезглавен човек.

Полицајците не беа во можност веднаш да му пријдат затоа што напаѓачот со себе носел елек со експлозив, а притоа е спроведена операција за деминирање.

Министерот за внатрешни работи, патувајќи кон Мароко, итно разговарал со претседателот Емануел Макрон, а потоа се вратил во Франција.

МИА/Видео/фото: ITV news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е во Мариупол, тврдат Русите

Редакција

Синот на искасапениот новинар Кашоги избега во САД

Редакција

Папата прв пат отворено се заложи за геј бракови

Редакција