Од силното невреме во Охрид најпогодени се домовите во населбата Видобишта каде на поголем број куќи се оштетени крововите и е дојдено до поплавување, информираше на Фејсбук, градоначалникот Кирил Пецаков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Охрид побеле од град: Силно невреме ги поплави улиците и предизвика штета
Како што информира тој од невремето бил отежнат сообраќајот на одредени улици поради обилните врнежи, а има и пријави за поплавени домови, дворови, куќи.
-Штетата на земјоделските култури очигледно ќе биде огромна, бидејќи невремето кое траеше повеќе од половина час беше проследено со врнежи од град со големина на лешник и орев, информира Пецаков.
Граѓаните на социјалните мрежи пренесуваат информации и за оштетени автомобили.
Невремето предизвика проблем и во планинските села каде има наноси од земја.
Фото: Општина Охрид/Видео: ohridnews