еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Полицаецот кој го удри ракометарот Филип Талески е суспендиран и доби кривична

Полицијата поднесе кривична пријава за „малтретирање во вршење на службата“ против полицаецот кој по завршување на ракометен натпревар во салата „Билјанини извори“ го удри ракометарот Филип Талески.

Одделот за внатрешна контрола  пак ќе покрене дисциплинска постапка, до чие завршување полицаецот ќе биде суспендиран од работа, велат од МВР.

Како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека  сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, по член 143 став 1 од Кривичниот законик.

-Имено, пријавениот на 13.05.2023 година, околу 20:00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства  за присилба врз него, појаснуваат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп ги користел разузнавачките служби за шпионирање пратеници и нивните семејства

Редакција

Телекабел стана сопственик на кабелскиот оператор Инфел од Охрид

Редакција

ДИК: Излезeноста до 18:30 часот 39,71 отсто

Редакција